Еве како да добиете златни и сребрени јајца: Велигденска техника на бојосување јајца што е хит во 2021! (ВИДЕО)

Прекрасно

Две сосема нови техники на бојосување велигденски јајца

Замислете си полни чинии златни и сребрени велигденски јајца? Тоа е најгламурозниот детаљ на празничната трпеза!

Еве како да направите сребрени јајца

Состојки:

  • варени јајца
  • алуминиумска фолија
  • белки или органско лепило

Постапка:

Сварете ги и оладете ги јајцата. Искинете мали делови алуминиумска фолија. Во посебна чинија изматете ги малку белките или користете лепило направено од брашно. Со мека четкичка премачкајте ги јајцата со белки или лепило, па на нив лепете ја фолијата. Исушете ги и ставете ги јајцата во чинија на маса. Поедноставно не може да биде!

Златни јајца

Состојки:

  • варени јајца (кафени)
  • течна боја за јајца

Постапка:

Добро измијте ги јајцата со сунѓер и сјај за садовите. Потоа, сварете ги во вода со сол. Кога ќе се оладат, добро исушете ги. Течната златна боја за јајца ставете ја на дланки, па едно по едно, валајте ги јајцата меѓу дланките за да примат доволно златна боја. Направете го тоа два пати за да биде бојата пожива.

Кога ќе се исушат, наредете ги јајцата во чинија.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.