Еве како да добиете светкави велигденски јајца: За оваа техника ќе ви треба само малку шеќер и вино!

Феноменално

Ова е најубавата техника на бојосување јајца, без дилема

Доколку сé уште не сте одлучиле која техника на бојосување ќе ја користите, ви предлагаме да се најдат светкави велигденски јајца на празничната трпеза. Во само неколку чекори можете да направите прекрасни велигденски јајца и тоа без многу труд.

Ќе ви треба малку вино, шеќер и боја од кесичка, а резултатот е феноменален!

Постапка:

Наместо вода, користете 500 мл бело вино, наместо сол – 100 г шеќер, а ќе ви треба и една кесичка боја за колачи во прав.

Сипете го виното во тенџере, додајте шеќер, па ставете ги јајцата. Вклучете ја ринглата, па посипете ги јајцата со боја за колачи. Варете ги на тивок оган околу половина час без капак, па поклопете ги, тргнете ги од рингла и оставете ги да отстојат преку ноќ.

Наутро, извадете ги јајцата на салвета или крпа за добро да се исушат. Како што ќе се сушат, така ќе стануваат сјајни и светкави од шеќерот.

Впечатливо зелени велигденски јајца: Еве како да добиете интензивна боја без капка хемија!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.