Еве како да добиете совршени виолетови, мраморни велигденски јајца без ронка хемија: Вистински уметнички дела!

Божествени!

Оваа техника ќе ве воодушеви, бидејќи покрај тоа што е потполно природна, за неа ќе ви требаат малку состојки и многу е едноставна

Велигден се ближи, па еве една интересна и многу креативна идеја за избелување и бојосување јајца, без да користите ни капка хемија.

Ве поттикнуваме да ги бојосувате јајцата на оригинален начин без употреба на хемикалии, сосема природно. За да го добиете овој ефект, најдобро е да користите бело јајца, па најпрво, ќе ви откриеме како да го избелите обичното жолто јајце.

Состојки:

За избелување јајца:

  • 500 мл вода
  • 400 мл алкохолен оцет

За бојосување јајца:

  • 80 г чај од хибискус
  • 1 лажиче оцет (алкохолен или вински)
  • зовриена вода
  • малку масло за премачкување
Постапка:

Ставете ги јајцата во млака вода и пребришете ги со сунѓер. Ставете ги јајцата во тенџере и прелејте ги со 500 мл ладна вода и 400 мл алкохолен оцет. Варете ги јајцата околу 11 минути. Тие ќе почнат да пенат од топлината, па отстранете ја пената со лажица. Потоа, сипете ладна вода преку јајцата, па пребришете ги со меката страна на чист сунѓер. На овој начин ќе ги избелите жолтите јајца и потоа можете да преминете на постапката за бојосување.

За бојосувањето, ќе ви треба сушен, несомелен хибискус. Немојте да користите чај од кесички, туку набавете го од продавница за здрава храна. Прелејте го чајот со зовриена вода, додајте едно лажиче оцет и промешајте. Спуштајте ги јајцата во чајот и вадете ги по 3 минути. Потоа, ставете ги во проѕирна фолија, добро завиткајте ги и тргнете ги на страна.

Исто така, можете да ги бојосувате и така што само ќе ги оставите подолго да отстојат во чајот, без да ги виткате во фолија.

Одвиткајте ги јајцата од фолијата и отстранете ги остатоците од чајот со хартиена салвета, па оставете ги да се исушат. Розовата боја полека ќе премине во виолетова. Како што ќе се сушат јајцата, така ќе се менува бојата.

На крај, премачкајте ги со масло за да добијат поубав сјај.

Еве како да добиете светкави велигденски јајца: За оваа техника ќе ви треба само малку шеќер и вино!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.