Едноставен трик што ќе ви помогне да ги одвоите жолчките од белките

Практичен совет

Постојат различни начини и прибори со чија  помош може да се одвои жолчката од белката, но овој е секако поинаков и поинтересен од другите.

Ако не ви поаѓа од рака да ги издвоите жолчките користејќи некој од вообичаените методи, тогаш вистинско време е да употребите празно пластично шише.

Потребно е само да се скрши јајцето во чинија, да се притисне шишето така што ќе се направи вакуум, па грлото на шишето нежно да се допре до жолчката, па да се отпушти притисокот на шишето. Тоа ќе го вшмука, а вие многу лесно, брзо и успешно ќе го префрлите каде што е потребно.

Совет-плус: изберете проѕирно шише за полесно да го следите вшмукувањето на жолчката.

Текст: Убавина и здравје

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.