Бојосување јајца со растеглива хартија: Наједноставна а најубава техника на боење! (ВИДЕО)

Подготовки за Велигден

Оваа година испробајте малку поинаков начин на бојосување јајца

Велигден се ближи, а ако сѐ уште не сте смислиле како да ги бојосате јајцата или едноставно сакате да пробате нешто ново, бојосувањето јајца со растеглива хартија ќе ве воодушеви.

Едноставно е, нема да потрошите многу време, а ни пари.

Состојки:
  • растеглива хартија во боите што ги сакате
  • алкохолен оцет
  • бели или обични сварени јајца
  • пластично шише
  • заштитни ракавици
Постапка:

Најпрво, сварете ги јајцата, а во меѓувреме додека се ладат, земете пластично шише и отсечете го горниот дел од шишето. Во ова шише потоа ќе ги ставате бојосаните јајца.

Исечете ја растегливата хартија на делови, не треба да бидат премногу ситни, туку доволно големи за да можете да завиткате јајце во нив. Пред да преминете на бојосување на јајцата, задолжително ставете заштитни ракавици, бидејќи во спротивно, многу тешко ќе ја отстраните бојата од рацете.

Во сад со средна големина сипете оцет, па во него ставете растеглива хартија во посакуваната боја. Извадете ја хартијата од оцетот, ставете ја на дланка, а потоа во неа завиткајте јајце и ставете го во пластичното шише што сте го подготвиле.

Повторете ја постапката со преостанатите јајца и растеглива хартија, а откако ќе ги завиткате јајцата во хартијата, редете ги во шишето. Оставете ги да стојат околу половина час, а за тоа време боите ќе се слеваат и мешаат, така што јајцата нема да бидат рамномерно бојосани со една боја, туку ќе бидат шарени.

Полека извадете ги јајцата и пребришете ги со крпа на која претходно сте капнале малку масло, за да заблескаат велигденските јајца во полн сјај.

Погледнете како изгледа целата постапка во следново видео…

Бојосување јајца со помош на памук: Никогаш полесно, никогаш побрзо, никогаш поубаво!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.