Бојосување јајца со помош на памук: Никогаш полесно, никогаш побрзо, никогаш поубаво!

Домаќинки, погледнете!

Станува збор за толку едноставен метод што едноставно не може да не ви успее

Ако сѐ уште размислувате со која техника да ги бојосате јајцата за Велигден оваа година, ви предлагаме да го погледнете овој едноставен метод на шарање со помош на памук!

Станува збор за брз и лесен начин на бојосување, а сѐ што ви треба е поголемо парче памук и течна боја за јајца.

Откинете памук така што да може да го опфати целото јајце, а потоа нанесете бои по избор.

Можете да ги нанесувате надолжно, точкесто, како што сакате да ви изгледа јајцето. Потоа, притиснете го јајцето на памукот, обвиткајте го од сите страни и натапкувајте го.

Резултатот е прилично импресивен – без мака, ќе добиете прекрасни шарени јајца!

Дали ви се допаѓа идејава?

Оваа техника на бојосување велигденски јајца го освои светот: Јајцата на пареа се величествено убави!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.