Аделина Тахири се „заигра“ со Фотошоп – Претера со корекциите, фановите веднаш и замерија

Нацртаните стомачни мускули ја налутија домашната јавност

Фото: Инстаграм

Нема сомнеж дека Аделина Тахири има тело на кое треба да се завидува.

Познатата пејачка ги воодушеви фановите со брзото враќање во форма после породувањето, искуство кое го сподели со јавноста откривајќи ги на социјалните мрежи сите режими и производи кои ги користела за слабеење.

Но, и покрај овој факт, се чини дека повторно проценила дека е неопходно да вметне и малку Фотошоп на фотографиите од југот на Албанија каде што е на одмор.

Доколку се погледне внимателно, во деловите кај делот од раката и стомакот, може да се забележи дека пејачката ги модифицирала на непрофесионален начин бидејќи искривувањето на вратата и на олукот кои се наоѓаат позади нејзе е повеќе од евидентно.

Интервенциите предизвикаа реакции од следбениците на Инстаграм, но тоа не ја натерало  пејачката ниту да ги избрише коментарите, ниту да ја избрише фотографијата

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.