Момент што ќе се памети: Бремената Јасмин Тукс блесна на ревијата на Викторија Сикрет!

Модниот свет остана без зборови кога на пистата на овогодинешното шоу се појави Јасмин Тукс бремена, блескава и самоуверена како никогаш досега.

Тукс, која има 34 години, првпат се појави на ревијата на Викторија Сикретво 2012 година, а во 2015 стана дел од елитниот тим на „ангели“. Во 2016 година го носеше и славниот Fantasy Bra, еден од највисоките симболи на успехот во светот на моделингот. Со своето долгогодишно присуство, Јасмин стана синоним за елеганција, професионализам и природна убавина.

Овој пат, публиката беше шокирана и воодушевена кога таа гордо прошета по пистата, носејќи сатенски дизајн со светки што совршено го истакна нејзиното  стомаче. Со овој настап, Јасмин испрати силна порака дека женственоста нема граници, дека мајчинството, сензуалноста и гламурот можат да постојат заедно, во најубава хармонија.

Јасмин веќе е мајка на една ќерка, а сега заедно со сопругот Хуан Давид Бореро со радост го очекуваат второто дете. Нејзиното присуство на пистата во оваа нежна фаза од животот беше поздравено со громогласен аплауз  и претставуваше еден од најемотивните моменти на вечерта.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by GODDESS.WOMEN (@goddess.women)

Фото: Instagram/ @highfashiontv , @mamamiaaus

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе