Младиот актер осуден на доживотен затвор поради убиство на неговата мајка: Го снимел нејзиниот труп, а планирал и масакр!

Бизарно...

Дваесетичетиригодишниот актер Рајан Грантам, познат по улогата во „Ривердејл“ и „Дневникот на малолетното дете“, е осуден на доживотна затворска казна поради убиство на својата мајка, без можност за условна слобода, пред истекот на 14 години робија.

Второстепената казна за убиство го изрекла судијата на Врховниот суд на Британска Колумбија, Кетлин Кер на 21 септември во Вакнувер.
Тужителите на сослушувањето на изрекување на казната, препорачале Грантам да добие условна забрана за пуштање на слобода до 18 години.

Правниот тим на поранешниот актер предложил 12 години како чесна последица.

Грантам, номиниран за Лео Авардс се обратил во полиција набрзо откако на 31 март 2020 година и пукал во глава на 64-годишната мајка Барбари Вејт во семејната куќа во Сквамиш, северно од Ванкувер.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.