„Мислев дека сум мртва, го молев да ме однесе во болница“: Претепаната сестра на тиктокерката Уна раскажа што се случило! (ФОТО)

Казна за насилникот!

Тиктокерката Уна Каблар, позната како Уки Ку, објавила на својот Инстаграм дека нејзината сестра и бебето од два месеци доживеале страшно физичко насилство.

Уна на својот профил напишала дека нејзината сестра ја претепал сопругот, со закани дека ќе и го одземе старателството над детето доколку се разведе од него.

Поради се што се случило на него му е одредена мерка забрана за приближување на сестрата на Уна, но исто така е и приведен на сослушување.

Во официјалното соопштение на МУП стои дека му е одреден притвор од 48 часа.

Уна на Инстаграм објавила „стори“ во кое напишала што и кажала нејзината сестра.

„Сара: Мислев дека сум умрела, многу чудно чувство кога си дојдов при себе, го слушнав како кажа: Фала му на Господ што почна да дишеш, ќе се убиев ако не се разбудеше“ – напишала Уна на Инстаграм и додала:

„Инаку, откако ја претепал ја однел во брза помош и неа и бебето, го оставил автомобилот напред и избегал, после тоа дознавме дека се криел додека не дошле татко му и брат му“ – тврди тиктокерката.

„Сара го молела да ја однесе во болница и му рекла дека нема да каже никому ништо“ – напишала Уна, на што тој одговорил:

„Се гледа дека сум те давел“.

Уна објавила и снимка на која се гледа како бебето ја држи за прст нејзината сестра, па потврдила дека се добро и се заблагодарила на сите за грижата.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.