Менаџерот на Брега со пиштол ги нападнал своите соседи, причината е банална!

Човекот се изнервирал...

Во понеделник вечерта се одиграла вистинска филмска драма во една зграда во белградската населба Дедиње. Имено, поранешниот менаџер на Здравко Чолиќ, а сега на Горан Бреговиќ, Адис Гојак пукал во своите соседи.

На него според извештајот од полицијата му пречело бушењето во зградата поради ставање видео-надзор. Момчето кое изведувало градежни активности било ангажирано од соседот на Гојак, кој е инаку сопстеник на две третини од зградата.

Редакцијата на „Пинк.рс“ стапила во контакт со човекот, кој дал детално објаснување што се случило.

„Се случи тоа што се случи со оружје кај мене на врата. Кај мене работеше момче кое ставаше камера, нажалост без мое одобрување работел во 23часот, правел дупки со бормашина, што не е дозволено според куќниот ред. Но, тоа не причина да извадиш оружје на некоја врата и така да ги решиш работите. Тоа е суштината на таа приказна“ – рекол тој.

Сопственикот на зградата го тужел Гојак, кој според неговите зборови му биле одземени и оружјето и муницијата.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.