Здравко Чолиќ искрено за апсењето во Охрид: „Цело време ме следеа“

Пејачот откри како ги поминал трите дена во затворот

2,039

Не е тајна дека мегапопуларниот Здравко Чолиќ дамнешната 1987 година беше уапсен во Охрид поради тоа што кај него беше пронајдено поголемо количество девизи, што во тоа време беше строго забрането.

Пејачот помина три дена во Истражен затвор за што досега не зборуваше јавно. Во неговата животна исповед за „Недељник“, Чола детално ја раскажа немилата случка од минатото и како се чувствувал кога со лисици го однеле во затвор.

Од 1985 до 1989 година живеев во Загреб. Се презаситив од музиката, па со еден пријател инвестирав во машини за превоз на пластика. Пошироката јавност дозна дека се занимавам со приватен бизнис дури откако ме уапсија во Охрид, поради тоа што кредитните средства ги претворав во девизи, кои во тоа време поевтино се купуваа во Македонија за разлика од Србија и Хрватска. Беше многу непријатно, луѓето купуваа девизи во селата со Албанци. Цело време ме следеа, не им беше јасно што правам таму во февруари кога нема концерти, ниту туристи. А јас бев натоварен, во голем капут како во песната на ’Бијело дугме’, па ме пречекаа и ми ги зедоа сите девизи. Но тоа беа чисти пари, не стануваше збор за ’матен’ бизнис. Три дена бев во притвор“, раскажа Здравко, задржувајќи се на односот на инспекторите кон него:

Првиот ден бев во канцеларијата на началникот. Ме почитуваа. Вода и плескавица, потоа ме испратија да спијам во хотелот, а следните три утра доаѓав на разговор, кој траеше од 8 часот наутро до 8 часот навечер. Тоа беше своевиден притвор со толеранција. По третиот ден, ме ослободи истражниот судија да се бранам од слобода“, открива Чола во интервјуто за „Недељник“.

 

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.