Втора шанса на љубовта – Аца Лукас и се врати на поранешната сопруга Соња

Заедно се веќе неколку месеци, но се кријат

Парот избегнува да се појавува на градските случувања каде се присутни медиумите, но заедно со пријатели го прославиле Божиќ во еден ресторан

Аца Лукас и неговата поранешна сопруга Соња Вуксановиќ се повторно заедно, ексклузивно пренесува српскиот портал „Курир“.

Пејачот и мајката на неговата најмлада ќерка Викторија се смириле пред неколку месеци, но се кријат од јавноста.

Парот избегнува да се појавува на градските случувања каде се присутни медиумите, но заедно со пријатели го прославиле Божиќ во еден ресторан.

Соња и Аца се како рогови во вреќа, но не можат еден без друг. Таа го сака, а тој ја обожава. Тоа што се разведоа нема врска со нивните чувства. Едноставно секогаш ќе бидат заедно. Меѓутоа, сега одлучија љубовта да ја кријат од новинарите бидејќи така се помирни. И понатаму не живеат заедно, но успеа да го средат односот, па се гледаат тајно. Заедно го прославија Божиќ во еден ресторан. Аца пееше, а Соња уживаше додека го слуша“, вели извор за „Курир“.

Според изворот Лукас бил и на отварањето на новиот бутик на Соња.

Парот не се огласи по овие шпекулации.

loading...

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време