Виталиа слави четвртина век од своето постоење!

Веќе 25 години, создаваме здрава иднина заедно!

Виталиа, брендот кој несомнено асоцира на хуманост, општествена одговорност но пред сè, брендот кој е најзаслужен за креирање јавна свест околу потребата од здрава исхрана како начин на живот и превентива, слави четвртина век од своето постоење. Виталиа е пример за успешна приказна како од идеја се стигнува до глобален бренд преку истрајност, следење на светските трендови за производство на здрава храна и секојдневна, непрестана борба против стереотипите во исхраната и лошите диететски навики.

Во што е тајната?

„Виталиа започна како семеен бизнис и неговите почетоци се тесно поврзани со визионерската идеја на  мојот татко Никола кој на свои  52 години, храбро се одлучува да започне бизнис кој во тоа време претставуваше сосема нов и непознат сегмент на пазарот. Инспириран и охрабрен од неговиот 7 годишен престој во Германија, ја започнавме приказната на Виталиа која денес бележи 25 години јубилеј.Самоуверено продолжуваме со нашата  мисија преку креирање на иновативни здрави продукти да им овозможиме здрави прехранбени навики на потрошувачите ширум светот каде овој македонскиот бренд, е нивен бренд од доверба“ изјавипред присутните на јубилејниот настан Искра Ветаџокоска Муцунска-косопственик на „Виталиа”

„Горд сум на брендот што го создадовме, горд сум на квалитетот и иновативноста што ги остваривме, горд сум на стручноста и лојалноста на нашите бројни вработени“, изјави НиколаВетаџокоски– основач на Виталиа.

„Континуирано инвестираме во производните процеси, модерни технологии и ги имплементираме сите релевантни стандарди за контрола на квалитетот со што го осигуруваме зголемувањето на домашните производствени капацитети и инвестирање во нови надвор од нашата државасо цел јакнење на довербата во брендот и на меѓународните пазари“, изјави Димитар Ветаџока – косопственик на овој македонски бренд.

По 25 години на македонскиот но и светскиот пазар „Виталиа” е цврсто етаблиран бренд чија визија е дапродолжи да создава здрави производи со проверен квалитет, креирани според современите потреби на потрошувачите. Да продолжи да биде најверен пријател на децата, студентите, постарите, на сите генерации но и на оние соспецифични потреби во исхраната, при тоа промовирајќи  подобар и поквалитетен живот со вкоренети здрави навики.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време