Вилијам не можел да го тргне погледот од неа: Вака Кејт Мидлтон го завела принцот!

Од студентските денови

„Леле, Кејт е секси!“, прокоментирал принцот тогаш

Пред да стане војвотка од Кембриџ, Кејт Мидлтон била обична студентка и учествувала во разни студентски активности.

Една од нив била и хуманитарната модна ревија со наслов „Don’t Walk“ која секоја година ја организира факултетот Сент Ендруз и во која Кејт учествувала во 2002 година.

Тогаш 19-годишната Кејт се пробала во улога на манекенка и прошетала на пистата во проѕирен фустан на дизајнерката Шарлот Тод. Принцот Вилијам ја следел ревијата од првите редови и бил воодушевен од Кејт иако веќе ја познавал.

„Леле, Кејт е секси!“, му прокоментирал тогаш принцот на својот пријател Фергус Бојд.

Фактот дека Кејт навистина за првпат го привлекла вниманието на Вилијам во нејзиното разголено издание го потврдил и нивниот заеднички пријател и поранешен колега од факултет, Пет Данкан.

„Тоа се случи пред крајот на првата година на факултет. И јас бев на настанот и имаше многу згодни девојки. Но Кејт носеше провокативен, целосно проѕирен фустан и Вилијам не можеше да го тргне погледот од неа“, раскажал Данкан.

Една година потоа, Кејт и Вилијам започнале врска, а сè останато е историја.

Интересно е тоа што проѕирниот фустан што го носела Кејт на ревијата, нејзината дизајнерка го продала во 2011, истата година кога Кејт и Вилијам се венчале и тоа за вртоглави 125 илјади долари.

loading...

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време