Урнебесно видео: Принц Вилијам едвај се воздржал да не прсне од смеење среде сериозна церемонија

Ова видео веднаш стана хит

Британското кралско семејство е во центарот на светското внимание: После Меган Маркл на ред дошол принц Вилијам

Прво била одржана крштевката на принц Луис, а потоа била одржана и церемонијата за 100-годишнината на Кралското воено воздухопловство на која главни ѕвезди биле Меган Маркл, но и принцот Вилијам.

Војвотката повторно ги разлутило Британците поради гестот што се смета за неженствен и навредлив за кралицата Елизабета. Имено, додека седела во Вестминстерската опатија, повторно ги вкрстила нозете што е строго забрането за членките на кралското семејство според протоколот.

Од друга страна, пак, Вилијам сите ги насмеал со неговото кикотење во текот на церемонијата во Вестминстерската опатија.

Имено, камерата го снимила 36-годишниот принц како се смешка во моментот кога принц Едвард му гестикулирал на некој од гостите да клекне. Не требаше да помине многу време за да се прошири ова видео на Интернет.

За тоа време, неговата сопруга Кејт Мидлтон била многу сериозна, а тој едвај се воздржал да не прсне од смеење.

Ова не е прв пат принцот да прави вакви гримаси на официјални настани, но токму поради тоа и го сакаме!

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време