Цела ракометна репрезентација е среќно заљубена!

Кои се понежните половини на ракометарите?!

Заслужни за успехот кој го постигнуваат на терен, делумно се и нивните сакани кои постојано ги бодрат и ги следат во чекор

Деновиве во центарот на вниманието се ракометарите од македонската репрезентација кои во моментов се во Минхен, Германија каде денес стартува светското првенство, а првиот натпревар ќе се одржи денес.

Заслужни за успехот кој го постигнуваат на терен, делумно се и нивните понежни половини кои
постојано ги бодрат и ги следат во чекор. Па така, во редовите на нашиот состав има голем број на
среќно вљубени, дел од нив оженети, а дел во врска. Кире Лазаров,Борко Ристовски, Филип Талевски, Филип Лазаров… се дел од момците кои веќе се имаат заколнато на вечна љубов, додека пак сериозни врски имаат Стојанче Стоилов и Гоце Ојлески.

View this post on Instagram

#paris2018

A post shared by Kiril Lazarov (@klazarov77) on

Кире Лазаров

Најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров од 17 години е во врска со Љубица, која е две години постара од него. Поради неговата професија постојано патуваат, а живеат традиционално – жената готви, а мажот заработува. Но, Љубица по професија не е домаќинка, туку лекарка. Покрај тоа што никогаш не работела по струката, добро упатените откриваат дека по завршувањето на кариерата на Кире, таа планира да ги изигра своите пет минути во кариерата.

Филип Лазаров

Помалиот брат Лазаров веќе неколку години е во брак со архитектката Билјана, со која беше долго во
врска. Од нивната љубов го добија синот Милан, па Билјана во моментов му е посветена нему.
Редовно е на трибините и навива за својот сакан заедно со синот.

Стојанче Стоилов

Пикерот на Вардар и омилениот ракометар меѓу навивачите веќе три години е во врска со струмичанката Катерина, која инаку е дипломиран економист. Освен заедничките фотки на социјалните мрежи кои се доказ за нивната љубов, Стоилов досега во јавноста нема зборувано за неа и се труди прашањата поврзани со неговиот приватен живот да ги заобиколи.

Филип Талески

Младиот и талентиран Филип Талески кого многумина го нарекуваат наследник на Кире Лазаров летово се ожени, а пред некој ден стана и татко.

Гоце Ојлески

Стружанецот кој долг период беше сингл конечно се приклучи на листата „зафатени“ ракометари и веќе извесен период е во љубовна и складна врска. Неговата избраничка е непозната за јавноста, а на неговиот Инстаграм профил можат да се забележат заеднички фотки на кои позираат со широки насмевки на лицата.

Борко Ристовски

Голманот Борко Ристовски пред шест дена направи голема свадба за паметење со својата избраничка Николина со која лани се венчаа во матично, а плод на нивната љубов е синот Душан.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време