Трето издание на „Винодонија“ – симболот на винската култура и најзначајниот вински настан во Македонија

Преку 300 етикети на вино од 40 македонски и странски винарии, ќе може да се дегустираат на третиот по ред Скопски вински салон – „Винодонија 2018“ што ќе се одржи на 23-ти и 24-ти ноември (петок и сабота) во хотел Мериот Скопје.

Настанот е организиран од Здружението на сомелиери на Република Македонија, а покрај дегустации на вино, предвидува и дегустација на најразлични домашни и увозни сирења, сувомесни производи, маслинови масла, како и едукативни работилници и предавања кои ќе бидат одржани од домашни и странски предавачи, спарување на вино и храна, ексклузивна гала вечера и сл.

Скопски вински салон – Винодонија 2018 е клучниот момент за препознавање на Македонија како вински регион. Винодонија овозможува соодветно претставување на виното на еден елегантен и културен начин на кој што се промовира трудот на винариите и нивните вински приказни. Самиот формат на настанот нуди можност во една пријатна атмосфера да се научи и дознае нешто повеќе за виното директно од неговите создавачи, а преку тоа се развива винската култура и перцепција кај нас винските љубители“, истакна Александар Вучковски, директор на Винодонија на брифингот со новинарите.

Наравивме селекција на квалитетни брендови од месната, млечната и пекарската индустрија кои ќе ги понудат своите производи на дегустација и со тоа ќе го комплетираат виното во комплетно ено-гастрономско уживање“, рече Дејан Донев, проект менаџер на Винодонија.

Винодонија е одлична шанса винските љубители да си одговорат на сите прашања што ги имаат во однос на виното и во една интерактивна атмосфера да разменат искуства и мислење со винариите и останатите гости.

Првиот и вториот ден салонот ги отвора вратите за посетителите од 13:00 до 19:00 часот.

Картите за  Скопски вински салон – Винодонија 2018 можете да ги купите на самиот влез,  пред почетокот на настанот по цена од 490 денари по лице, за секој ден посебно. Со тоа имате можност да дегустирате над 300 етикети на квалитетни вина од околу 40 домашни и странски винарии и закуска од над 10 гастроизложувачи во пријатен амбиент збогатен со звуците на професионален музички бенд.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време