Северина не сака веќе да живее под ист покрив со Кеба

Одлучиле да купат своја куќа со Игор во Белград

Им било време да се осамат

Северина Којиќ и нејзиниот сопруг Игор одлучија да купат имот во Белград, објави „Ало!“ Бидејќи тие секогаш кога остануваат во Белград, престојуваат во куќата на нивниот татко и свекор Драган Којиќ Кеба, двајцата решиле дека е време да имаат приватност и дека повеќе не сакаат да бидат пречка за родителите на Игор.

Кеба најпрвин бил шокиран од нивната одлука, зашто тој е пресреќен што тие го поминуваат времето во со него, во неговиот дом, па тој се обидел на сите можни начини да ги одврати од намерата, но тие цврсто одлучиле дека е време да се осамат.

Снаата и синот кога му ја соопштиле оваа одлука на Кеба, тој бил против тоа.

Драган е одличен домаќин и не може да си замисли дека покрај неговиот дом, кој е доволно голем за сите, синот и снаат ќе купуваат нов имот. Сепак, Северина му објаснила на свекорот дека тоа нема никаква врска со нивните семејни односи, и дека е горда што има свекор за пример, но и дека смета оти е време таа и Игор да ја најдат својата оаза на мирот“ – вели изворот.

 

loading...

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време