Сексуалните обвиненија на Мајкл Џексон се главна тема во документарецот “Leaving Neverland”

Интервју со две наводни жртви на кралот на поп музиката

Филмот “Leaving Neverland” премиерно ќе биде прикажан на Sundance Film Festival овој месец

Претставниците на ранчот на Мајкл Џексон “Neverland” го критикувале документарецот во кој се наведува дека покојната поп ѕвезда сексуално злоставувала деца, пренесува BBC.

Филмот “Leaving Neverland” премиерно ќе биде прикажан на Sundance Film Festival овој месец, а вклучува интервју со две наводни жртви на кралот на поп музиката.

Ова е уште еден страшен филм во кој нечујно и патетично се обидува да се искористи и заработи од името на Мајкл Џексон”, се наведува во соопштението.

Имено, двајца мажи кои се појавуваат во филмот велат дека тие имале само седум и десет години кога Џексон ги посвоил, а сега во 30-те години тие тврдат дека покојниот музичар сексуално ги злоставувал. Случајот заврши на суд, а Џексон е ослободен од сите обвиненија во 2005 година.

Документарецот премиерно ќе биде прикажан на Sundance во Јута на 25 и 26 јануари, а својата телевизиска премиера ќе ја има напролет оваа година.

loading...

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време