Сека Алексиќ немала ни тоалет во домот, а се бањала во корито: Трновиот пат на пејачката го расплака регионот

А често немала ни што да јаде

Фото: Рајко Ристиќ

Сека Алексиќ денес живее луксузен живот, но порано не било така. Детството го поминала во беда, откако за време на војната избегала од Зорник во селото Липолист крај Шабац.

Нејзините поранешни соседи за пејачката, која буквално се издигнала од кал и со сопствен труд го стекнала сето тоа што го има денес, имаат само пофални зборови.

Според изјавите на повозрасните жители, мајката на Сека, Иброма, многу се мачела одгледувајќи ги пејачката и нејзиниот брат. Често се селеле поради немаштијата, а најдолго се задржале во една мала и трошна куќичка.

Сека прво живееше во една соба во училишниот двор, која веќе ја нема. Таму немаше ни веце-школка, ни шпорет, а спиеше на штици. Се бањаше во корито. Често беше и гладна. Потоа се преселија во дворот на мојот сосед, а потоа во трошната куќарка“, открил еден постар човек за „Курир.рс“, покажувајќи ја куќата во која израснала Сека.

Фото: „Свет“

Немаше пари, но секогаш беше добро расположена. Сите ја сакаа. Беше добра ученичка и секогаш сакаше да пее. На сите ни е драго што успеа во животот. Заслужи се’ најдобро, бидејќи мајка и’ многу се измачи во животот со децата и со мажот, кој сакаше да пие. Нејзиниот покоен татко Милорад се отсели во Лозница“, вели изворот, а пренесува „Курир.рс“.

Фолк-пејачката пред четири години го посети родното село сакајќи да купи едно кафуле во него.

Ја видовме во бел ‘мерцедес’. Слушнавме дека се распрашувала за едно кафуле што планирала да го купи, но накрај не го зеде. Знам дека сакала да има нешто свое, а и порано им помагаше на луѓето што ги познава цел живот“, открива за „Курир.рс“ келнер од едно локално кафуле.

Ибрима, откако се развела, почнала да живее со извесен Недељко Игњатовиќ.

Сека со семејството три години живееше во куќата на покојниот Недељко. Знам дека беше добро и послушно дете. Тој ја возеше во Звроник и во Лозница кога снимаше плочи и имаше гостувања. Доста и’ помогна. Кога мајка и’ се раздели со него, и Сека замина. Не му беше ни на погреб, мислам дека не ни знаеше дека починал“, велат во Липолист.

 

 

loading...

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време