„Се препушташ на докторите и судбината и не размислуваш за смртта“ – Марина Туцаковиќ прозборе за здравствената состојба

Не и е лесно

Фото: Лука Шарац

Марина Туцаковиќ присуствуваше на доделувањето на награди на емисијата “Ексклузивно“ каде доби признание за жена борец на годината. Таа прозборе за својата здравствена состојба, со оглед на тоа што се уште се бори со канцерот.

Се уште не е се во ред, на терапија сум, а прогнозите ги знае само оној горе. Ми недостасува малку повеќе да се движам, повеќе да излегувам, но навикната сум секогаш нешто да ми недостасува, па може и вака, рече Марина за „Пинк“, па откри што и давало сила во најтешките моменти во борбата против болеста.

Фото: Лука Шарац

Тоа е многу тешко, сите кои велат дека во тие моменти треба да се бориш, не знаат дека тогаш не знаеш каде ти е задникот, а каде главата. Ги оставаш работите да одат по својот тек, им се препушташ на докторите и судбината и нормално не размислуваш за смртта, додаде Марина.

Фото: Рајко Ристиќ

На прашањето на кој соработник е најгорда, Туцаковиќ одговори:

Најгорда сум на Цеца, но горда сум и на другите, заклучи Марина.

 

loading...

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време