Сара Џесика Паркер заврши на суд: Нејзиниот адвокат тврди дека е местенка

И на ѕвездите не им е лесно...

Актерката Сара Џесика Паркер, како и голем број други ѕвезди, позајмува гардероба и накит од многубројни дизајнерски куќи за снимањата и појавувањата на црвениот килим, меѓутоа, една од нив одлучи да ја тужи тврдејќи дека актерката не го вратила позајмениот накит.

Според написите на странските медиуми, Сара уште во 2016 година позајмила накит од компанијата „Дизајни на Кат Флоренс“ во вредност од 70.000 долари, а тие и’ дозволиле да го присвои на два месеци.

 

View this post on Instagram

 

💎#SarahJessicaParker 💎

A post shared by Sarah Jessica Parker Daily (@sjp_daily) on

Од друга страна, адвокатот на актерката го тврди спротивното:

Ова е чиста местенка. Сара Џесика Паркер имаше договор со нив, а тие ја замолија да го задржи накитот за да може да ги носи на црвените килими и на разни настани, промовирајќи го. Сара е најчесната и најодговорната личност што ја познавам. Апсолутно никогаш нема задржано нешто, откако и’ заврши договорот со ’Кат Флоренс’ и кога престанаа да и’ плаќаат, Сара сакаше да го врати накитот, но тие не беа заинтересирани за тоа“, раскажа за медиумите.

Меѓутоа, според тврдењата на оваа компанија, познатата актерка не го вратила позајмениот накит, па затоа одлучиле да ја тужат и да бараат отштета од 150.000 долари.

 

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време