Профемина 2018 – На што сè сме подготвени за еден лајк?

Интернет сензација

Концептот на панелот се новите медиуми, дигиталниот маркетинг осебно во делот на модната индустрија, феномени кои предизвикуваат голем одзив на социјалните мрежи, оригиналноста VS копии, феномен Сергеј и хаш тагот #ќемипукнедушата…

Второто издание на регионалната конференција „Профемина“ ќе заврши со панелот „Follow 4 Follow – Like 4 Like“Концептот на панелот се новите медиуми, дигиталниот маркетинг осебно во делот на модната индустрија, феномени кои предизвикуваат голем одзив на социјалните мрежи, оригиналноста VS копии, феномен Сергеј и хаш тагот #ќемипукнедушата…

На што сè сме подготвени за еден лајк? 

Кој е моден инфлуенсер? Бројка на следбеници, лајкови или одговрно постирање содржини? Какви содржини треба да се комуницираат? Кој и како купува следбеници? Дали секој може да биде моден блогер и инфлуенсер – совети за огромната бројка млади луѓе што сакаат да ја носат оваа титула… се само дел од прашањата на кои одговор ќе ви дадат Сергеј Варошлија, уредник и водител на студио “Мода“, Александра Трпоска, лајфстајл блогер, @majestic.at, Владимир Ристовски, писател и маркетинг директор на Пиксел, Ксенија Деспотоска, инфлуенсерка и јутјуберка, Емилија Вучиновска, блогер @missurbanvibe и Даниела Ѓуровска, моден блогер и дизајнер. Модератор на панелот ќе биде Коста Петров, а истиот е поддржан од FashionGroup.

Влезот е слободен, потребно е само да го потврдите вашето присуство на мејл адресата event@colormedia.com.mk, или на тел 02/2341405 најдоцна до денес. Повикајте ги и пријателките, нашите партнери обезбедија голем број на изненадувања и подароци. Се гледаме на 30 ноември!

 

 

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.