Профемина 2018 – Дознајте ги сите тајни на негуваните жени!

Како да изгледате здраво, убаво и фит?

Утре во хотелот „Александар Палас“ ќе се одржи второто издание на регионалната конференција „Профемина“

Утре во хотелот „Александар Палас“ ќе се одржи второто издание на регионалната конференција „Профемина“, а во рамки на четвртиот панел кој што ќе стартува во 14 часот и 30 минути ќе имате можност да ги дознаете сите тајни на негуваните жени.

Што всушност претставува престижот, успехот и убавината: Како да изгледате здраво, убаво и фит? Ова се приказни на жени кои може да ви послужат како инспирација и потсетник дека може да изгледате совршено во секоја прилика. Модератор на пеналот ќе биде водителката Елена Стефановска, а одговори на гореспоменатите прашања ќе Ви дадат Александар Билјановски-Дадар, професионален шминкер,  Анкица Стојановска Митровска, програмски директор во Алфа ТВ,  Лилјана Којиќ, бјути-блогерка,  Ирена Спировска, тв-водителка,  Билјана Црвенкоска, помошник- тренер на ракометарен клуб „Вардар“, а истиот е поддржан од ESTEE LAUDER и ANABELLA кои се главни покровители.

Не пропуштајте да ги проследите и другите интересни панел-дискусии и кејс-студии. Оваа година ставаме акцент на убавината, негата, здравјето и на сè што е од исклучителна важност за припадничките на понежниот пол.

Жените сакаат да разговараат, да дискутираат, да прашуваат и да споделуваат, но сакаат и поддршка.

Влезот е слободен, потребно е само да го потврдите вашето присуство на мејл адресата event@colormedia.com.mk, или на тел 02/2341405 најдоцна до денес. Повикајте ги и пријателките, нашите партнери обезбедија голем број на изненадувања и подароци. Се гледаме на 30 ноември!

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.