По дознавањето дека баба им починала, ќерките на Јелена Карлеуша се селат

Девојчињата ќе одат во приватно училиште

Душко Тошиќ се’ уште престојува во Белград, каде што ги решава сите проблеми на своето семејство, а од сопругата Јелена Карлеуша буквално не се одделува. Пред неколку дена, двојката посети едно приватно училиште на Дедиње во кое нивните ќерки Атина и Ника ќе продолжат со школувањето.

Душко и Јелена одлучија на ќерките да го сменат животното опкружување поради сите несреќи што му се случија на нивното семејство. Пред се’, поради секс-скандалот во кој главна актерка е токму Јелена, а потоа и попради ненадејната смрт на Дивна Карлеуша. Земајќи предвид дека децата умеат да бидат немилосрдни, да задеваат и озборуваат, Тошиќ и Карлеуша се убедени дека нема да дојде до тоа доколку тргнат во ново училиште. Имено, тие избраа интернационална школа во која претежно одат странци, наставата е на англиски јазик, и веруваат дека новите другарчиња на нивните деца нема да знаат кои се Јелена и Душко и што се случува во нивниот приватен живот“, раскажа извор близок на пејачката.

Одлуката да ги запишат ќерките токму во тоа училиште ја донеле поради локацијата.

Душко и Јелена до крајот на пролетта ќе се преселат во вилата на Сењак, која ја купија од Драган Стојковиќ Пикси, а новото училиште се наоѓа на оддалеченост од 5 минути. Средувањето на куќата е пред крај, а Душко престојот во Белград го користи и за надгледување на градежните работи“, открива изворот.

 

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време