Пари, неверство и драма – Дечкото на Снежана Ѓуришиќ има вонбрачно дете со дупло помлада студентка

Скандал врз скандал

Фото: Рајко Ристиќ

Снежана Ѓуришиќ деновиве е во центарот на вниманието откако се откри дека нејзиниот дечко, гинекологот Вања Милошевиќ ја изневерува, а сега дојде до нов пресврт во приказната – тој има дете вонбрачно дете со млада студентка.

Како што пишува „Ало“, Милошевиќ (54) пред две години почна да излегува со Снежана, а само неколку месеци пред тоа студентка со која се гледал му родила ќерка. На пејачката на почетокот не и било драго што има вонбрачна ќерка, но поради љубовта која што ја чувствува кон Вања решила да помине преку се и била во посета на детето.

Од тогаш, па се до денес,Снежана со својот избраник оди во посета на детето, а почнала да му купува и гардероба и играчки.

Во еден момент, Милошевиќ се соочил и со финансиска криза, па ја замолил својата девојка да му помогне неколку месеци со плаќање на алиментацијата која што изнесува 80 илјади динари, а Снежана веднаш се согласила и му позајмила, но ова на гинекологот му прешло во навика, па сега, наводно, живее на нејзин грб, пишува српски „Ало“.

 

loading...

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време