Огњен Амиџиќ искрено: „Имав повеќе среќа од убавина и памет“

Водителот ја отвори душата за бракот со убавата манекенка

Водителот Огњен Амиџиќ со години ужива во бракот со манекенката Даниела Димитровски, со која го има синот Матија. Таа е зафатена со водењето на својата модна агенција, а тој со полна пареа го води своето „Амиџи-шоу“, им останува малку слободно време, но и покрај тоа, љубовта им цвета.

Секогаш ми велат дека го имам најдуховитиот сопруг и ме сметаат за среќница што ја имам можноста секојдневно да ме засмејува“, истакна Даниела за медиумите, додека, пак, Огњен додаде:

 

 

View this post on Instagram

 

🌸🌸🌸 art director & photographer: @cobeliks 😘💟 #bwmagnolia

A post shared by DANIJELA DIMITROVSKA (@danijeladimitrovska) on

Ми велат дека ја имам најубавата жена во градот, а потоа ме прашуваат со која финта сум ја освоил. Дефинитивно дека со неа имав повеќе среќа отколку убавина и памет“, објасни водителот.

Во нивниот однос никогаш досега немало скандали, а Амиџиќ тврди дека тоа е резултат што и покрај тоа што и двајцата се дел од јавниот живот, не дозволуваат тоа да повлијае врз нив.

Даниела е стабилна личност, таа цврсто стои на земја и разбира се’ што носи јавната професија и како влијае врз приватноста. Пронајдовме рамнотежа и функционираме без отреба да правиме циркус од животот. Едноставно, не сме таблоидна двојка и кај нас нема многу простор за скандалозни приказни“, заклучи Огњен.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време