Ново пријателство: Опра Винфри смислила како да извлече интервју од мајката на Меган Маркл

Дознајте што ги споило познатата водителка и мајката на Меган

Дорија Рагланд сè почесто поминува време со мега популарната Опра Винфри

Американската ТВ личност Опра Винфри, исто како и брачните парови Клуни и Бекамови, беше дел од венчавката на британскиот принц Хари и Меган Маркл во капелата Сент Џорџ. Откако мајката на Меган, Дорија, била видена како излегува од куќата на Опра со неколку кеси во рацете, славната водителка решила да проговори јавно за сето тоа.

„Дорија ми кажа дека обожава кумкват, на што и’ одговорив дека имам стебло со кумквати. Тоа што Дорија го носеше во рацете беше корпа кумквати. Ова е наменето за сите луѓе кои мислат дека се обидувам да ја подмитам мајката на Меган Маркл со подароци за интервју. Ако кумкватите можат да ви обезбедат интервју, тогаш јас потполно го поддржувам тоа“, објаснила Опра.

Винфри исто така ја поканила 61-годишната Дорија во нејзиниот раскошен дом во Лос Анџелес за да вежбаат јога заедно. Освен што по струка е социјална работничка, мајката на Меган Маркл е и инструкторка по јога.

„Дорија одлично вежба јога, па затоа и’ кажав да донесе своја опрема и да вежбаме во дворот“, објаснила Опра, додавајќи дека Дорија во едната торба носела работи за јога, додека во другата носела ручек, па на тој начин ги негирала гласините за подароците.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време