Новата љубов на манекенката Емилија Розман се вика Дамјан!

Посреќна и позаљубена од било кога

Ги запознал заеднички пријател и било љубов на прв поглед

Атрактивната манекенка Емилија Розман има нов дечко! Сексапилната убавица веќе извесен период е во врска со снимателот Дамјан Чунихин , но сега засега парот романсата ја крие од јавноста и ретко се експонираат.

Заедно се повеќе од еден месец, а дека се позаљубени од било кога потврда е и фактот што се неразделни. Наводно, ги запознал заеднички пријател и било љубов на прв поглед.

Инаку, Розман е една од најубавите девојки кај нас, беше и Мис на Македонија, а нејзиниот лик красеше и една од 10-те насловни страници на „Убавина&здравје“ кои беа објавени по повод една деценија постоење на магазинот.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време