Нова естрадна војна – Кија Коцкар тврди дека Едита и Слоба се во „шема“

Била честа гостинка во неговиот стан

Нова естрадна војна ја тресе Србија. Имено, станува збор за Едита Арадиновиќ и Кија Коцкар кои се скараа и јавно прозваа поради Слоба Радовановиќ.

Сите девојки кои минуваат време во станот на мојот поранешен сопруг наеднаш имаат потреба да ме нападнат. Мораат да сфатат една работа, а тоа е дека ниту една од нив не ме интересира, рекла Кија за српски „Телеграф“.

Инаку нетрпеливоста меѓу нив две почна кога Едита на Инстаграм искоментира дека Кија ја носи истата црвена перика која што ја носела таа.

Оваа перика некогаш беше добар фазон, се додека не престана да биде, напиша Едита откако виде дека Кија го фура истиот фазон.

Коцкар не чекаше долго за да и одговори:

Плати, па „клати“. Така народски се вели. Дали е важно кој ја носел периката и дали е реално сите да сте до тој степен искомплексирани? Сакаш да ја имаш само ти, купи ја! Се што имам носено јас, може секој да го купи, воопшто и не е важно. Спуштете се малку на земја, секој се носи на различен начин. Каква естрада, срамота, прокоментира Кија и додаде дека за неа Едита е неважна.

 

loading...

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време