Непримерното однесување на Хајди Клум: На колегите им било непријатно во нејзино друштво! (ФОТО)

Ужива во љубовта!

Германската манекенка за Божиќ ја објавила свршувачката со помладиот музичар

На доделувањето Златни глобуси одржан во Лос Анџелес, се појавила и Хајди Клум во придружба на својот 17 години помал свршеник Том Каулиц.

Меѓутоа, парот претерал со своето промискуитетно однесување, поради што колегите, меѓу кои и Антонио Бандерас, ги одбегнувале.

Супермоделот Хајди Клум последниве месеци и тоа како дава до знаење дека е повљубена од кога било претходно.

Фактот дека повторно нашла среќа во љубовта со 17 години помладиот музичар Том Каулиц го потврдила и на доделувањето Златни глобуси, а во еден момент страста толку многу ја понела што на колегите им дошло преку глава.

Клум и Каулиц цело време се бакнувале страсно, а нивниот невкус прв го забележал шпанскиот актер Антониот Бандерас.

 

Славниот актер отишол толку далеку што на забавата по доделувањето на наградите ги одбегнувал Хајди и нејзиниот свршеник. Гостите забележале дека актерот се крие  во таканаречената зелена соба, изолираниот дел од салата каде што била одржана гламурозната забава. Набрзо му се придружила и пејачката Џејнел Моне.

Бандерас ја опишал целата ситуација како промискуитетна и рекол дека се чувствувал како да е на „стриптиз забава“.

Германската манекенка на Божиќ ја објавила свршувачката со помладиот музичар, а на коментарите дека нејзиниот избраник е премлад, таа реагирала на следниов начин:

„Сè уште верувам во брак и во љубов иако двапати имам потфрлено во тоа. Без разлика, мислам дека сум добра во тоа. Најдов одлична личност која има предобро тело. Мојот свршеник е многу помлад од мене, но тоа не ми пречи. Треба да биде среќен и да не се грижи толку, бидејќи така се добиваат брчки.“

loading...

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време