Не толерира насилство: Анабела Атијас одлучи да се разведе со сопругот?

Анабела и Андреј Атијас пред неколку дена се најдоа во центарот на јавното внимание по инцидентот што се случи во нивниот дом (повеќе информации можете да прочитате ТУКА).

По сослушувањето во полициската станица, каде што, наводно, сопружниците одлучиле да се смират, се огласи сараевскиот бизнисмен, кој кратко изјави дека не ја удрил сопругата со тупаница во главата, како што наводно изјавила Анабела во полиција, туку дека само посилно викал поради што соседите повикале полиција.

И токму кога помисливме дека правот околу нив слегнал, српските медиуми денес ја пренесоа информацијата дека поп-пејачката одлучила да се разведе бидејќи цел живот трпи насилници.

Сопругот Андреј наводно ја убедува да не го прави тој чекор, бидејќи неговата љубов кон неа е голема.

Во прилог на ова оди и фактот што Анабела ги избриша сите заеднички фотографии од својот инстаграм-профил.

 

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време