Најтажната глетка на венчавката на годината: Ниедна невеста не треба да го доживее ова!

Многумина го коментираа овој момент

Не поминало сѐ онака како што било планирано

Светската јавност не престанува да ги средува впечатоците од вчерашната кралска венчавка на принцот Хари и Меган Маркл. Иако оваа свадба по многу работи се издвојува од останатите свадби во славната монархија, еден момент посебно им го привлекол вниманието на луѓето.

Имено, Меган Маркл е првата кралска невеста во историјата која сама влегла во црквата на својата венчавка. Само неколку дена пред свечената церемонија, татко ѝ, Томас Маркл, кој требаше да ја однесе до олтарот, го откажал своето присуство поради скандалот со папараците што ѝ го приредил, но и наводните здравствени проблеми.

Имено, фотографиите од таткото на Меган како истражува на Интернет податоци за венчавката на ќерка му биле објавени во многу дневни весници, списанија и портали. Не е познато дали Томас заработил нешто од тоа, но фотографиите ширум светот се продаваат за 100.000 фунти.

 

Светлото кое се пробивало низ витражите на капелата Свети Џорџ во Виндзор особено го нагласувало тој тажен момент кога Меган морала сама да оди кон олтарот каде што идниот сопруг нетрпеливо ја чекал.

Дури на половина пат ѝ се придружил принцот Чарлс кој потоа ја донел до Хари.

Инаку, кралското семејство не дозволило мајката Дорија Рагланд да ја испрати Меган до олтарот, што било првобитната желба на невестата.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време