Над МИЛИОН денари од НовоЛото7/34 во Битола

Добивките ве очекуваат

97 коло на НовоЛото 7/34 во 2018 година донесе добивка 6+1 вредна 1.187.037 денари.

Добитната комбинација е уплатена во Битола, во продажното место ДИМПО , кое се наоѓа во Градското реонско шеталиште, а уплатени се 3 комбинации на НовоЛото 7/34. Димпо е едно од најпосетуваните места од лото играчите во Битола, а Битола пак до сега се покажа како еден од најсреќните НовоЛото 7/34 градови. Во Битола покрај бројните помали добивки во НовоЛото 7/34, до сега се уплатени и четири седумки , а ова е и деветта добивка 6+1 уплатена во Битола.

Но, ова 97 коло донесе и добивка ЏОКЕР со 5 погодоци , овој пат во Охрид, во среќното место Владија 2011, кое е луцирано на Ул. Туристичка во Охрид. Добитникот уплатил 5 Џокер броеви од кои едниот го донесе до добивка од 5 погодоци , вредна 101.556 денари.

И двајцата добитници од 97 коло беа блиску до главните добивки во НовоЛото 7/34 и дополнителната игра ЏОКЕР. Веќе во наредното 98 коло (сабота -08.12.2018) фондот за Седумка во НовоЛото7/34 изнесува над 10 МИЛИОНИ ДЕНАРИ, а главната добивка со 6 погодоци во играта ЏОКЕР е над 3 МИЛИОНИ ДЕНАРИ.

Добивките ве очекуваат , на вас е само да ги одиграте и уплатите вашите среќни броеви, а секако не заборавајте да уплатите и ЏОКЕР број.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време