„Му подари на моето дете куче, па го украде татко и“ – Андреана Чекиќ која ја испеа „Ципеле“ во љубовен триаголник

Се огласи сопругата на нејзиниот нов дечко

Фото: Дејан Бриза

Андреана Чекиќ на 8 март во Белград се појави со новиот избраник Марко Милошевиќ, и иако делувало дека станува збор за складна врска без проблеми, вистината е малку поразлична.

Имено, за српски „Блиц“ се огласи сопругата на споменатиот Марко која ја обвинува Андреана за нејзиното распаѓање на бракот.

Јас се посомневав дека сопругот ме изневерува затоа што мојот син ми кажа. Биле заедно со Андреана кај неговите родители во Крагујевац, и гледав некои нивни заеднички стори приказни, но и двајцата ме убедуваа дека нема ништо меѓу нив и дека се само пријатели, рекла сопругата на Марко и додала:

Фото: Дејан Бриза

Одев на нејзините настапи, тој седеше покрај мене и ми зборуваше дека многу ме сака. Преку ноќ реши да се отсели од дома и да ме остави. Неговите работи се уште се дома. Ми стана се јасно откако видов нивна заедничка фотографија на Инстаграм од концертот на Џани. Им оставив коментар дека баш добро и стои мојот сопруг, а таа го избриша. Потоа ми призна дека се заедно официјално од 12 јануари. Не можам да поверувам дека му купуваше подароци на моето дете, а наеднаш ми го зема сопругот, заклучила изневерената сопруга.

 

 

loading...

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време