Младата Теа се соголе!

Призна која е

Преку деби – албумот кој е насловен „Која сум јас“

Вчеравечер пред присуство на голем број пријатели, колеги, соработници и новинари, пејачката Теа Трајковска го промовираше својот прв албум насловен како „Која сум јас“.

Промоцијата се одржа во ресторанот „Портофино“ во Скопје, а покрај албумот, Теа го промовираше и нејзиниот најнов видеоспот за една од темите на албумот – „Кога најдобро те познавам“.

Деби-албумот на Теа е дело на познатиот хит-мејкер Лазар Цветковски и неговата сестра, Магдалена Цветковска, а на дел од песните како текстописец се потпишува токму и Трајковска.

Тие што ме знаат, знаат колку сакав да го затворам ова поглавје и колку работевме со Лазе за да стигнеме до тука. Пресреќна сум што албумот конечно излезе, мислам дека секоја песна си зборува доволно сама за себе и сакам да се заблагодарам на сите што беа со мене до денес и да им ветам многу нова музика од денес. За самото видео верувам дека ја доловивме емоцијата што ја носи песната, која патем е една од моите омилени теми на албумот – изјави Теа.

Инаку спотот е дело на Бане Поповиќ и „Томато-продукција“, а во него покрај Теа улога има и младиот актер Дени Ајдаревиќ и танчерката Бојана Додевска.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време