Мистериозниот брат на Кејт Мидлтон конечно се појави: Погледнете зошто девојките лудуваат по него

Брат и’ на Кејт е вистински шармер

Иако не сака да се појавува на јавни настани, Џејмс Мидлтон не сакал да ја пропушти крштевката на принцот Луис

Братот на Кејт и Пипа Мидлтон, кој е најмистериозниот член на познатото семејство, се појавил во палатата Сент Џејмс во многу интересна модна комбинација.

Џејмс за церемонијата одбрал одело со модерен крој. Можеби ногавиците на панталоните би можеле да бидат малку подолги, но за среќа, не облекол традиционално одело за неколку броја поголемо.

Џејмс навистина ги привлекува туѓите погледи, а притоа успева да остане одличен во криењето. Иако е дел од семејството кое постојано е под лупата на јавноста, Џејмс успешно бега од јавната сцена. Се појавува кога мора или кога сака.

Бизнисменот кој е сопственик на компанија за производство на маршмелоу колачи е во одлични односи со сестра му Кејт. На почетокот од нејзината врска со Вилијам се обидувал да ја заштити од негативниот публицитет, па со денови ги криел весниците од неа за да не се повреди поради некој наслов.

Отворено зборувал за борбата со дислексија поради која бил избркан од Универзитетот во Единбург, а бил лудо вљубен во британската медиумска ѕвезда, Дона Ер.

Тие биле во врска од 2013 до февруари оваа година, па таа јавно го прогласила раскинувањето. Да останеа заедно, Кејт би имала прекрасна снаа, зар не?

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време