Милан Станковиќ имал тажно детство – После само 5 месеци од неговото раѓање татко му убил човек

Бил осуден на 30 години затвор и починал таму под неразјаснети околности

Фото: стори.рс

Пејачот Милан Станковиќ кој веќе со години е дел од жирито во музичкото шоу „Пинкови ѕвездички“, а деновиве се пишуваше и дека и е нов дечко на Наташа Беквалац има тажно и несреќно детство. Имено, брзо по неговото раѓање татко му направил кривично дело, а неколку години подоцна и настрадал во затвор. Семејството веднаш се посомневало дека станува збор за крвна одмазда.

Таткото на Милан Станковиќ, Горан,  убил колега од работа пред повеќе од 30 години заради што бил осуден на повеќегодишна затворска казна. После пет години  тој починал под неразјаснети околности во затворот. На семејство му било јавено дека загинал така што паднал од скеле, но тие и денес не веруваат во тоа.

Милан многу не сака да зборува за оваа болна тема, но во неколку наврати има кажано дека се сомнева во официјалната верзија.

Сум имал само пет месеци кога татко ми отишол во затвор затоа и не се сеќваам на него. Низ глава ми поминуваат слики од посетите. Никогаш не сум имал чувство дека имам татко, туку некој тетин, чичко кого повремено го гледам. Татко ми заради долг убил човек со кого работел во пекарница“, раскажал Милан во една прилика.

Фото: Инстаграм

Не знам каков би бил да растев со татко, но секогаш се чувствував инфериорно. Кога во друштво ќе кажев дека немам татко, предизвикував сожалување. Како јас да сум виновен за тоа. Најтешко ми паѓаа писмата што ни ги праќаше од затворот. Еднаш случајно ги најдов и бев потполно изгубен. Знаев дека не можам да го вратам. Мајка ми се бореше за мене и сестра ми. Работеше во фабрика, чистеше по куќи, работеше во трафика. Често позајмуваше пари“, раскажал Милан, кој денес е една од најголемите ѕвезди во соседството.

loading...

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време