Меколи Калкин конечно откри каков однос имал со Мајкл Џексон и стави крај на сите шпекулации

„Ние бевме како едно“

После 10 години од смртта на поп иконата конечно прозборе

Десет години по смртта на Мајкл Џексон, неговиот пријател Меколи Калкин зборува за неговата врска со починатиот пејач. Познато е дека, како дете, Кaлкин бил многу близок со Џексон, што со години генерираше многу гласини за нивната врска.Во 2005 година, Маколи Калкин дури мораше да сведочи во случајот со кој се соочува Мајкл Џексон за сексуален напад врз деца. Маколи Калкин секогаш негираше да биле нешто повеќе од пријатели, иако во текот на годините се коментираше дека тој е биолошкиот татко на децата на Џексон.

Во Inside Of You podcast, ѕвездата од Сам дома вели:

Мајкл ме контактираше, бидејќи многу работи се случуваа, големи и набрзина, и мислам дека тој беше идентификуван со тоа. На крајот од денот, многу е лесно да се каже дека е чудно или што и да било, но тоа не беше така, затоа што имаше смисла. На крајот од денот бевме пријатели. Актерот раскажува за нивната заедничка судбина со Џексон, кои биле деца суперѕвезди со многу изолирано детство. Калкин вели: “Никој во моето католичко училиште немаше никаква идеја низ што поминувам и тој (Мајкл) беше човекот кој поминал низ истото чудно нешто и сакаше да ме убеди дека јас не сум сам во тоа.”

Тој уживаше во мојата младост. Тој сакаше да биде дете со мене. Никогаш не ми изгледаше чудно. Никогаш не сум се чувствувал непријатно. Тој беше токму таков.”

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време