„Машки магазин“: Прослава на речиси пионерскиот подвиг за креирање и продуцирање на првиот магазин наменет за мажите

Мисијата на единствениот машки магазин не е завршена, но тргната е во добра насока

По една година на медиумскиот простор, Машки магазин ги постави темелите на концептот за дефинирање на стандардите и интересите на модерниот маж. Една година на македонскиот пазар претставува аргументиран повод за одбележување и прослава на речиси пионерскиот потфат за креирање и продуцирање на првиот магазин наменет за мажите.

Прославата на едногодишното постоење се одржа во хотелот Парк, со симболика и во самиот термин на случување – 13 февруари, со почеток во 13 часот.

Во духот на симболиката на надминување на предрасурите и стереотипите за бројот 13, годишнината на М Магазин во пријатниот амбиент на ресторанот Four собра на едно место личности од сите сфери на јавниот живот во Македонија, кои со својата работа промовираат една урбана култура на живеење.

Меѓу гостите беа луѓето кои во изминатата година беа застапени на страниците на магазинот, но и пријатели од светот на уметноста, културата, бизнисот, дипломатијата, спортот, модата… кои со своето присуство дадоа поддршка и доверба во иднината и развојот на М Магазин.

Главниот уредник на „М Магазин“ Виктор Кошевалиски

На матине-прославата, главниот уредник Виктор Кошевалиски ги поздрави гостите и истовремено најави еден нов проект во организација на магазинот.

Прославата на годишнината на Машки магазин, всушност претставува своевиден вовед за една традиција. На 15 март 2019, во МНТ ќе се одржи првиот „М маж на годината”, во организација токму на Машки магазин. За првичното издание на овој проект, предвидени се пет категории во изборот: „маж на годината“ (Гран при), „маж урбан“, „маж бизнисмен“, „маж спортист на годината“ и „маж што оставил белег во културата“ во изминатава година.

За главните награди ќе одлучува 15-члено жири составено од редакцијата на Машки магазин, но и десетина релевантни личности од јавниот живот: Виктор Кошевалиски, Снежана Богдановска – Сани, проф. Филип Фидановски, ИФББ Про Мирко Петровски, Влатко Кошевалиски, Тања Кокев, Иво Јанковски, Чедо Поповски, Олга Костовска, Зоран Петров, Младен Ѓуровски, Радмила Павловска, Сретен Костиќ и Изет Цури.

Покрај главните категории, предвидени се и награди за кои ќе се одлучува во соработка со други медиуми. За категоријата „најпосакуван маж од жените“, Машки магазин ќе одлучува во соработка со магазинот „Убавина и здравје“, додека „жена по избор на мажите“ ќе се избира заедно со веб-страницата www.mmagazin.mk.

Менаџерот на „Колор медиа плус“ Александар Наков и уредничката на „Убавина и здравје“ Јована Стојменовиќ со дел од тимот на највлијателниот магазин за жени на роденденската забава на „М Магазин“

Изборот на „автомобил на годината“ за вистинскиот маж ќе го направи сестринската редакција Авто плус. Меѓу ревијални награди е и изборот на „странец во Македонија“.

Подготовките и гласањето за изборот за вистинските мажи за оваа година започнуваат од 15 февруари, а ќе траат до денот на одржувањето на манифестацијата – на 15 март, кога на еден мултимедијален гала-настан во МНТ ќе бидат доделени престижните статуетки.

 

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време