Магдалена Цветковска – Ена: “Не се штедам кога правам музика!”

"Музиката е како љубовта, колку повеќе даваш, толку повеќе ќе ти биде возвратено"

Aпосолутно секој хит кој ќе излезе од студиото Цветковски го чувствува како свој

Тетовчанката Магдалена Цветковска – Ена која после долга музичка пауза неодамна го објави видеото за темата “Ко да нема утре ден”, во последните неколку години повеќе е посветена на пишување текстови за колеги, отколку за себе, но вели дека тоа ја прави многу среќна и апосолутно секој хит кој ќе излезе од студиото Цветковски го чувствува како свој.

Сакам да пишувам. На тој начин ги искажувам моите емоции. Многу ми е мило кога некоја песна што јас сум ја напишала за некој колега ќе стане хит. Тие песни ги доживувам како свои и заедно со нив се радувам на секој успех. Музиката е како љубовта, колку повеќе даваш, толку повеќе ќе ти биде возвратено. Не се штедам кога правам музика”, откри Магдалена која е автор и на мега популарната “Нисам те због лепоте волео” коjа ја испеа Жељко Јоксимовиќ. 

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време