Лука Лазукиќ осуден условно на три години затвор поради претепувањето на Наташа Беквалац

Фото: Свет.рс

Лука Лазукиќ е осуден денес условно на три години затвор. Како што пренесува „Свет“, судијата донел одлука дека Лука е виновен и дека ја претепал поп-пејачката Наташа Беквалац, која во тој период била свежо породена, и дека оваа казна е соодветна.

Продолжена му е мерката за забранет пристап кон Беквалац додека се донесе правосилна одлука.

Адвокатот на пејачката Зоран Атељевиќ е задоволен од пресудата.

Задоволен сум од пресудата. Со ова се потврдува дека мојата странка га зборуваше вистината пред судијата и дека врз неа е извршено кривично дело“, изјавил Атељевиќ.

Доколку Лазукиќ го повтори делото во следните три години, тогаш условната казна ќе биде отповикана и ќе се примени затворска казна од осум месеци. Оваа кривична санкција е сатисфакција за Наташа. Со оваа пресуда, таа е заштитено лице. Ова е т.н. неправосилна пресуда и тој има право на жалба, но јас имам основана причина да верувам дека пресудата е законски исправна и праведна. И тоа не само како превенција за Наташа, туку означува и општа превенција – веќе никој не смее да се однесува како Лука Лазукиќ“, соопштил адвокатот на Наташа Беквалац.“

Извор: „Свет“

Фото: „Свет“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.