Лепа Брена мора итно повторно да оди на операцијата – Болките во коленото се неиздржливи

Не помага ништо

Пејачката Лепа Брена во 1992-та година ја повредила својата нога, а според кажувањето на нејзиниот син таа повторно мора да оди на операција, бидејќи и се вратиле старите болки.

Имено како што открил Стефан Живојиновиќ во едно интервју,  пејачката мора да најде трајно решение и повторно да замине „под нож“.

Кога бев бебе сум сакал да одам по скалите од првиот кат, Брена веднаш истрчала од тоалетот, тогаш коленото од ударот потполно и се отвори. Беше страшно, таа ме спаси мене, но се повреди себе си за цел живот. Трајното решение е повторна операција, открил Стефан за српски „Свет“.

Брена ја потврдила информацијата дека има проблем со коленото, но и дека терапијата од лекарите и помага сега за сега, па може да ја одложи операцијата уште некое време.

Проблемот со левото колено ми се појави повторно во последните година дена, примив пет инјекции директно во него и наредните месеци треба повторно да направат магнетна резонанца како би виделе дали се обновила ‘рскавицата, вели Брена.

Фото: ATA Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.