Лејди Гага е неутешна: „Почина мојот ангел, мојата најдобра пријателка“

Со солзи во очите се прости од својата Арабела

За нејзината смрт дозна додека примаше награда

Лејди Гага имаше огромна причина за славење на овогодинешните награди Critics’ Choice, освојувајќи награди за најдобра песна и за најдобра актерка за улогата во филмот „A Star Is Born“.

Таа наградата за најдобра актерка ја подели со Глен Клоус, која беше наградена за улогата во филмот „The Wife“. Гага беше воодушевена од признанието од критичарите, особено бидејќи пред една недела остана без Златен глобус.

После примањето на оваа награда, Гага се расплака, а својот говор, низ солзи, им го посвети на сите оние кои биле зависни од алкохол и дрога. Откако беше откриено дека е добитничка на наградата, го бакна својот вереник Кристијан Карино, а потоа го прегрна и Бредли Купер.

Во говорот му се заблагодари на Кристијан, а Купер го нарече „љубовта на својот живот“.

Ти си магично човечко битие. Никогаш со режисерот и актерите не сум го почувствувала она што го почувствував со тебе“, искрено му призна Лејди Гага.

Но, она што почна како една од најдобрите ноќи на нејзиниот живот, наскоро се претвори во драма. Таа во солзи ја напушти церемонијата и побрза да се прости со својата кобила Арабела која синоќа почина.

Почестена сум и благословена што освоив две награди за најдобра песна и за најдобра актерка, заедно со Глен Клоус. Срцето ми пукаше од гордост, но ме растажи веста која ме затекна на церемонијата, дека мојот драг ангел, кобилата Арабела, умира. Брзам да се простам со неа. Нејзинот име значи ’да се предадеш на молитва‘. Секогаш беше прекрасен коњ, нашите души се едно. Кога ја болеше неа, ме болеше и мене. Никогаш нема да ги заборавам моментите кои ги споделивме. Долгите заеднички прошетки, галопирањето по кањони. Како ја хранев со колачи. Секогаш ќе биде дел од мене, иако сум тажна. Сакам да престане нејзината болест и за неа да се отворат портите од рајот. Те сакам, девојко, каде и да си тргнала“, напиша на Инстаграм Гага покрај фотографијата со Арабела.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време