Ледена кралица: На 58 години и без шминка растурила на црвениот тепих во Кан!

Воодушевила!

ФОТО: EPA / Julien Warnand

Дури и накитот го оставила дома

Англиската актерка Тилда Свинтон се појавила на отворањето на 72-риот филмски фестивал во Кан.

Иако на црвениот тепих зачекориле многу помлади колешки и други дами од светското ѕвездено небо, Тилда на 58 години и закопчана до грло, растурила!

ФОТО: EPA / Guillaume Horcajuelo

Познатата актерка се појавила во стилот на ледена кралица – во долг сребрен фустан со светкави детали на градите и рамената, кои со едниот дел паѓале до подот.

Она што привлекло посебно внимание и ја нагласило нејзината појава е тоа што на лицето речиси немала воопшто шминка.

ФОТО: Profimedia

Се истакнувал само карминот во нежна нијанса, ако воопшто носела пудра, ја нанела многу суптилно, а не нанела ниту маскара.

Исто така, Тилда овој пат накитот го оставила дома, а сите присутни биле воодушевени од нејзиниот природен изглед и младешко лице, иако е на крајот од шестата деценија.

loading...

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време