Кога бракот ништо не значи – Познати личности кои имаат вонбрачни деца

Дел од нив ги имаат признаено, а има и такви кои ја избегнуваат одговорноста

Добиле деца со своите љубовници надвор од брачната постела

Очигледно на овие познати личности бракот ништо не им значи, за што зборуваат децата кои ги
имаат со своите љубовници надвор од брачната постела. Некои ги признаваат своите биолошки деца,
а други, пак, ја избегнуваат таа одговорност со цел да ја избегнат и алиментацијата.

Еден од тие примери е свекорот на Северина, Драган Којиќ-Кеба, кој има вонбрачна ќерка Ина, која ја добил со неговата поранешна љубовница Лилјана Јевремовиќ. Ина никогаш не ја признал за своја, а за да не плаќа алиментација, дури и се развел од сопругата Оља, ама само законски.

Маринко Роквиќ, пак, има два прекрасни синови Марко и Никола, но и еден постар син Дарио кој го
добил по кратката романса во 1980 година. Со мајката на Дарио Маринко никогаш не живеел, а синот
го признал.

Веројатно не сте знаеле дека и светски познатиот тенисер Борис Бекер е татко на четири деца. Германскиот тенисер од првиот брак со сопругата Барбара ги има синовите Ноа и Ели, а со
руската манекенка Ен Енакова ја има вонбрачната ќерка Ана.

Принцот Алберт од Монако бидејќи бил склон кон авантури долго ја носеше титулата “‘плејбој”. Неговата венчавка со познатата пливачка Шарлин беше во сенка на скандалот поради тоа што
принцот по третпат требало да направи тест за татковство. Неговото трето дете има пет години и го
добил со некоја Италијанка. Алберт има уште едно вонбрачно дете со стујардесата Тамара, ќерката
Џасмин, а, исто така, има и син со келнерката Никол, роден во 2005 година, кој се вика Александар и
кој морал да го признае бидејќи се докажало неговото татковство.

Мадона беше во врска со Карлос Леон само за да остане бремена – ја роди ќерката Лурдес.

Српскиот фудбалер Александар Коларов, иако е во брак со сопругата Весна, добил син со својата
непрежалена љубов, манекенката Кристина Мијаќевиќ. По два месеца од раѓањето тој го признал
детето кое сега го носи неговото презиме.

Арнолд Шварценегер, исто така, не одолеал на светскиот тренд за правење вонбрачни деца, па се
разведе со својата сопруга поради неверството со нивната домашна помошничка и, секако, плодот на
нивната љубов.

Хрватскиот актер Горан Вишњиќ станал татко двапати – еднаш откако тој и сопругата нашле сурогата
мајка и вторпат кога се родила сега деветгодишната вонбрачна ќерка Лара Лурд.

Најновиот случај за вонбрачно дете е оној на Мирослав Илиќ, кој упорно негира дека се швалерисувал. Мирјана Антоновиќ за време на неговата турнеја во САД пред триесетина години, наводно, останала бремена и му родила син – Девин. Илиќ не признава и упорно ја нарекува Мирјана “ловец на пари”, но фактите го докажуваат спротивното.

 

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време