Фотографија настаната по бурната ноќ на Јелена Карлеуша и Огњен Врањеш во Атина
Јелена Карлеуша го возвраќа ударот
„Информер“ во најновиот број објави фотографија од популарната пејачка Јелена Карлеуша за која тврди дека е направена по бурната ноќ која пејачката ја поминала со Огњен Врањеш во Атина.
Во текстот е истакнато дека фотографијата е снимена во Атина и дека Јелена била лута на фудбалерот што ја фотографирал. Врањеш наводно ја излажал пејачката дека ја избришал фотографијата, пренесува „Информер“, против кого Јелена Карлеуша поднесе тужба.
Имено, додека медиумите и по повеќе од еден месец продолжуваат да се занимаваат со аферата Карлеуша-Врањеш, поп-пејачката одлучи да поднесе тужба против сите српски медиуми што објавиле невистини за неа и нејзиниот сопруг Душко Тошиќ. Како што стои во видеообраќањето што го сподели на својот инстаграм-профил, Јелена поднесе вкупно 120 тужби, а што е наведено во нив, слушнете сами: