(ФОТОГАЛЕРИЈА) Што сакаат жените?- одржана конференцијата #Profemina2018

Се бараше столче плус за следење на програмата

Pro-Femina 2018

Посетителите заминаа побогати со знаење од областа на убавината и здравјето, но и со полни раце подароци – кои ги обезбедија „Vichy“, „La Roche Posay“, „Орифлеим“ и парфимериите „Еликсир Ексклузив“

Годинешната конференција „Профемина 2018“, која третпат со голем успех ја организираат компанијата „Колор медиа плус“ и магазинот „Убавина и здравје“, помина во знак на слоганот на манифестацијата – Што сакаат жените?

Главната конференциската сала на хотелот „Александар палас“ беше претесна да ги собере сите посетители на „Профемина“, кои дојдоа во огромен голем број да ги следат осумтте панел-дискусии, на кои беа разработени теми од областа на здравјето, убавината, исхраната, социјалните мрежи…

Главна тема на конференцијата беше прашањето „Што сакаат жените?“, па оттука произлегоа и дискусии за најчестите женски прашања.

Во 10.20 ч, водителката и стендап-комичарка Ивана Наскова ги расположи присутните во салата со специјално подготвен стендап, кој беше награден со громогласен аплауз. Ивана ја покани на сцената уредничката на највлијателното списание на жени „Убавина и здравје“, водителката Јована Стојменовиќ, која им се обрати на присутните во преполната конференциска сала и ја најави првата панел-дискусија, под покровителство на „Горењка“, насловена како „Трендови во индустријата на убавината: Антиејџинг и дискретни естетски корекции“. (Повеќе информации за учесниците и за заклучоците од панел-дискусијата можете да прочитате ТУКА).

По првата панел-дискусија, следуваше првата студија на случај, под покровителство на специјална болница за очни болести „Деница“, која ја водеше Елена Стојановска Јанковска, а во која експертите им објаснија на присутните колку е важна превенцијата на очните заболувања. (Повеќе информации можете да прочитате ТУКА).

Јована Стојменовиќ ја најави втората студија на случај: „Beauty talk: Кожата говори за вас“, под покровителство на „Виши“, на која беше потврдено дека со правилна нега може да се забави стареењето на кожата. (Повеќе информации за учесниците и за заклучоците можете да прочитате ТУКА).

Вториот панел на „Профемина 2018“, под покровителство на La Roche Posay, ги одговори сите прашања на родителите за бебешката и детската кожа. (Повеќе информации можете да прочитате ТУКА).

По кратката кафе-пауза, за време на која гостите на конференцијата уживаа во вкусот на „Нес-кафе“, coffee партнер на „Профемина“, следуваше третата панел-дискусија, под покровителство на „Ревалид“: „Нега на косата и скалпот: Дали знаеме колку е важна?“. (Подетални информации за учесниците и за заклучоците од панелот можете да прочитате ТУКА).

„Што всушност претставуваат престижот, успехот и убавината: Како да изгледате здраво, убаво и фит?“, се прашањата со кои водителката Елена Стефановска го отвори четвртиот панел, под покровителство на „Орбико“ (Bobbi Brown, Estеe Lauder, Anabella). (Повеќе информации можете да прочитате ТУКА).

Водителот Ване Марковски го означи стартот на петтиот панел на конферецијата „Тренд: Food is the new fashion“, чиј покровител е „БиМилк“. (Повеќе информации за учесниците и за заклучоците можете да прочитате ТУКА).

„Follow for follow – Like 4 Like“ е името на последниот, шести панел на „Профемина 2018“. Модератор беше Коста Петров, а покровителот на панелот – „Fashion Group“. (Повеќе информации можете да прочитате ТУКА).

По завршувањето на последниот панел, се извлекоа и имињата на среќните добитници на наградите што организаторот и неговите пријатели ги подготвија за посетителите на „Профемина 2018“.

Освен едукативниот дел, посетителите на конференцијата уживаа и во „Зоната на доживување“, каде што ги пробуваа новите производи на козметичките брендови „Ревалид“, „Cell“, „Shoe world“, „C-THRU“, „La Roche Posay“, „Vichy“, „Cuccio“, „Body Boom“, „Estee Lauder“, „Burberry“, „Bobbi Brown“, кои во своето катче бесплатно ги шминкаа посетителите. Во специјалниот food corner, гостите можеа да се освежат со јогуртите „Баланс +“ на компанијата „БиМилк“, а можеа да ги дегустираат и новите велнес-чоколади на „Горењка мистика“ на компанијата „Подравка“, додека, пак, за освежување беа задолжени вода „Maya“ и „Nescafe“.  Посебно внимание привлече и компанијата „Ми-да“, која го претстави најновиот модел „форд фиеста“.

Креациите на Здружени македонски дизајнери се продаваа со попуст од 50%, а собраните средсва се наменети за лекување на Славица Тодоровска Цаци, која боледува од тумор на мозокот.
Coffee break со „Нес-кафе“

За сигурни и удобни чекори: Shoe World

Гостите ја гаснеа жедта со освежителната вода „Maya“, refresh партнер на конференцијата.

Публиката можеше да ја види и новата „форд фиеста“- официјално возило на конференцијата, која беше паркирана покрај самата сцена во салата, а чиј застапник е компанијата „МИ-ДА“.

Општиот впечаток од конференцијата е дека е и повеќе од успешна, на големо задоволство на организаторите.

Секоја чест, конференцијата беше прекрасна… Одлично си поминав, ви благодарам за поканата… Одвај чекам да ги пробам козметичките производи во кесичките со подароци…“, се само дел од коментарите што го блокираа инбоксот на фејсбук-страницата на „Убавина и здравје“, како и инстаграм-профилот.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.