Емотивна средба на Гордана Шаулиќ и кумот кој ја преживеа несреќата со Шабан

После два месеци за прв пат разговарала со човекот кој беше зад воланот кобното утро

Фото: Antonio Ahel/ATAImages

Легендарниот пејач на народната музика Шабан Шаулиќ загина во тешка сообраќајна несреќа, а ниту после два месеци бурата околу оваа трагедија никако да запре. Неговата вдовица, Гордана Шаулиќ го посетила нивниот кум, Слободан Боби Стојадиновиќ, кој кобниот ден беше во возилото со Шабан и неговиот клавијатурист, Мирсад Кериќ, кој исто така го изгуби животот.

Стојадиновиќ во моментов е во болница во Виена, а првата средба со Гордана после несреќата била исклучително тешка. Вдовицата на Шаулиќ не можела да се смири кога го видела Слободан во постела, а како што истакнува самиот тој повторно минува низ истата тага, низ која поминала кога ја добила веста за несреќата на Шабан.

Слободан открил и дека со кумата се нема чуено два месеци, затоа што знаел дека неговиот повик ќе и падне тешко на Гордана.

Се немавме слушнато околу два месеци, и се јавував само на Санела. Таа машки ги поднесуваше сите наши разговори поради мене, иако чувствував дека ќе пукне од болка, затоа со Гоца не смеев да се слушам. Таа секој ден ме бараше, а јас не и кревав, не и пишував, не знаев што да и кажам. Меѓутоа, во саботата дојде во Виена и кога ме виде почна да плаче на цел глас, открил Боби кој се уште е скршен од болка и тага исто како и Гоца поради смртта на Шабан.

 

Фото: Рајко Ристиќ

 

 

loading...

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време